wear out - онтологија

аби повеќе

абат
Вид збор: Глагол, несвршен
Троши со употреба.
Албански: hahet, soset
Примери:
Со лошо возење бргу ги абиш сопирачките.
(се аби) Се троши со употреба.
Албански: hahet, harxhohet
Примери:
Бргу се абат гумите по овие патишта.

доаби повеќе

Види и: аби (несв.)
доабат
Вид збор: Глагол, свршен
Искине, излити до крај.
Албански: soset, hahet
Примери:
Ова палто се доаби оваа зима.
(се доаби) Се искине, се излити до крај.
Албански: soset, hahet

доизаби повеќе

доизабат
Вид збор: Глагол, свршен
Изаби до крај, сосема.
Примери:
Го доизабивме ножот и не е за употреба.

доизноси повеќе

Види и: износи (св.)
доизносат
Вид збор: Глагол, свршен
Износи сосема, до искинување облека, обувки.
Примери:
Палтото ти е старо, го доизноси веќе.

залиже повеќе

залижат
Вид збор: Глагол, свршен
(се залиже) Почне да се троши, да се аби.
Албански: hahet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Чевлите ми се залижаа од долго пешачење.

затанчи повеќе

Види и: танчи (несв.)
затанчат
Вид збор: Глагол, свршен
(се затанчи) Почне да се танчи, да се лити.
Албански: vjetrohet
Примери:
Фанелата се затанчи на ракавите.

изаби повеќе

Види и: аби (несв.)
(се) изабат
Вид збор: Глагол, свршен
аби

изветви повеќе

Види и: ветви (несв.)
изветват
Вид збор: Глагол, свршен
За ткаенина, облека - стане старо, износено, ветво.
Примери:
Од секојдневната употреба црниот фустан изветви.

излиже повеќе

излижат
Вид збор: Глагол, свршен
(се излиже) се истроши, се изаби
Албански: del ngjyra
Примери:
Гумите на колата за една година сосема ќе се излижат.

излити повеќе

излитат
Вид збор: Глагол, свршен
(се излити) Се истроши, се излиже.
Албански: herret, vjetërohet
Примери:
Палтото се излити на лактите.

истанчи повеќе

Види и: танчи (несв.)
истанчат
Вид збор: Глагол, свршен
(се истанчи) Стане танок, излитен, се истроши.
Албански: t'holloj
Примери:
Се истанчиле ќебињата.

лиже повеќе

лижат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се лиже) Со употреба се троши, се истенчува, се аби.
Албански: hahet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Чевлите (ѓонот од чевлите) ми се лижат од многу одење.

оветви повеќе

(се) оветват
Вид збор: Глагол, свршен
Стане ветво, старо, се излити од носење.
Примери:
Панталоните (се) оветвија, треба да купам нови.

остари повеќе

остарат
Вид збор: Глагол, свршен
За предмет - не е веќе нов, стане ветов.
Албански: vjetërohet
Примери:
Книгите од кои учеа децата остареа од употреба.

поаби повеќе

поабат
Вид збор: Глагол, свршен
се потроши, се истроши
Примери:
(разг.) се поаби

подзајаде повеќе

(се) подзајадат
Вид збор: Глагол, свршен
Започне да се кине дел по дел, малку по малку.
Примери:
Тука јажето како да се подзајало.

подизлиже повеќе

Види и: излиже (св.)
подизлижат
Вид збор: Глагол, свршен
Истроши малку со триење, со честа употреба.
Примери:
Чевлите си ги подизлижал на петиците.
(се подизлиже) Се истроши, се излити од употреба.
Примери:
Панталоните се подизлижале на колената.

подизлити повеќе

(се) подизлитат
Вид збор: Глагол, свршен
Се излити малку, во некоја мера.
Примери:
Палтото се подизлитило, ќе треба ново да си купам.

поизветви повеќе

Види и: изветви (св.)
поизветват
Вид збор: Глагол, свршен
Изветви малку, или малку повеќе.

поистанчи повеќе

Види и: истанчи (св.)
поистанчат
Вид збор: Глагол, свршен
(се поистанчи) Се истанчи донекаде.
Албански: holloj
Примери:
Палтото се поистанчи.

пројаде повеќе

Види и: јаде (несв.)
пројадат
Вид збор: Глагол, свршен
(се пројаде) се истенчи, се излити
Албански: hahem, sosem
Примери:
Јажето се пројаде на јазолот, исечи го тој дел.

содере повеќе

содерат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи нешто на парчиња, искине од долго носење.
Албански: copëtoj, hahet, soset
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ги содрал панталоните.

солупи повеќе

Види и: слупи (св.)
(се) солупат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) слупи
Примери:
Столовите беа солупени од употреба.

троши повеќе

трошат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се троши) се арчи, се аби
Албански: soset, hahet
Примери:
При поголема употреба, машината, природно, побрзо и ќе се троши.